SkillSphere Group
Интегрирана академија, маркетинг & консалтинг услуги

Интегрирани Решенија за Вештини, Раст & Перформанси

Креативни Идеи

Врвен Квалитет

Брза Изработка

24/7 Поддршка

Интегрирани Решенија за Вештини, Раст & Перформанси

Вештини. Стратегија. Успех

SkillSphere Group е составена од три клучни сегменти:SkillSphere Academy, SkillSphere Marketing и SkillSphere Consulting. Со визија да обезбедиме врвна професионална едукација и стратешки бизнис услуги на едно место, нашата групација им помага на студентите, претприемачите и организациите да ги зајакнат своите капацитети и да станат поконкурентни на пазарот.

Преку практични програми за обука, креативни маркетинг решенија и прилагодени консултантски услуги, нудиме интегриран пристап кој ги поврзува учењето, стратегијата и имплементацијата. SkillSphere Group постојано расте и го шири своето влијание, нудејќи современи решенија кои се ориентирани на резултати и прилагодени на динамичните потреби на денешниот пазар.

Нашите Основни Услуги

Едукација. Маркетинг. Бизнис консалтинг.

Академија за Проектен & Портфолио Менаџмент

Практични програми за обука внимателно осмислени да ви помогнат да ги совладате вештините за управување со реални проекти.

Бизнис Консалтинг

Стратешки насоки кои им помагаат на компаниите да ги подобрат секојдневното работење, структурата и долгорочниот раст.

Финансиски Консалтинг

Поддршка при планирање, оптимизирање и управување со финансиските процеси за физички и правни лица.

Маркетинг Услуги

Сеопфатни услуги за дигитален маркетинг, вклучувајќи брендирање, управување со социјални медиуми, креирање содржини и стратегии насочени кон раст.

Веб Дизајн

Модерни, интуитивни и впечатливи веб-страници кои се прилагодени на вашиот бренд и деловни цели.

Стратешки Коучинг & Советување

Нудиме стратешки коучинг и советување за сигурни одлуки и одржлив раст.

Препораки

Горди сме на бројните позитивни искуства од нашите клиенти

Јордан С.

Академијата ми oвозможи да стекнам практични алатки кои можев веднаш да ги применам на работното место. Јасните, структурирани предавања и достапноста на иструкторката беа клучни за моето учење.

Ана П.

За првпат чувствувам контрола врз моите финансии. Советите беа едноставни, применливи и прилагодени на моите потреби.

Сара Т.

Конечно веб-страница која изгледа модерно и функционира беспрекорно. Точно разбраа што му е потребно на мојот бизнис.

Иван Д.

Нашата видливост значително се подобри. Нивните стратегија и идеи за содржини целосно го трансформираа нашето онлајн присуство.